петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Оралната хигиена е МНОГУ важна: Дознајте како на природен начин да дојдете до пријатен здив

Оралната хигиена е МНОГУ важна: Дознајте како на природен начин да дојдете до пријатен здив

За да имате свеж и пријатен здив секако неопходно е редовното одржување на оралната хигиена.

Користењето на разни средства и гуми за џвакање редовно го освежуваат здивот.

Еве неколку совети за тоа како на природен начин да дојдете до пријатен здив:

Целер, јаболка, морков…

Овие намирници имаат голема моќ да ја прочистат устата и да ве ослободат од непријатниот здив. Секако овие продукти се многу моќни, па освен што влијаат здраво на вашето тело се смета и дека ги уништуваат патогените бактерии во устата.

Црн и зелен чај

Богати се со полифеноли и се одлични извори на антиоксиданси кои пак се вистински благодет за телото и за дезинфекција на устата. Имаат одлична прочистувачка моќ, така да скоро секогаш ефикасно ве ослободуваат од непријатниот здив.

Витамин Ц

Овој витамин е одличен за целото тело па и за устата, ги штити непцата, а со тоа ја намалува ризичноста од размножување на патогени бактерии.

Рецепт со цимет

Една кафена лажица цимет измешајте во една мала чаша млака вода и потоа исперете ја устата.

Освен што ќе имате одличен здив, ќе ги уништите и мноштвото од патогени бактерии кои се населиле во устата.