вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Осаменоста може сериозно да влијае на вашето здравје – овие работи треба да ги знаете

Осаменоста може сериозно да влијае на вашето здравје – овие работи треба да ги знаете

Според експертите, осаменоста е најчест проблем на 21 век.

Самотијата и чувството на осаменост не се исто. Oсаменоста е долгорочно чувство на изолација и недостиг на комуникација.

Еве како осаменоста влијае на човековото здравје:

Депресија

Од осаменоста до депресијата се наоѓа само еден чекор. Ако на личноста навистина и треба комуникација, но не ја добие или нема дури ни шанса да ја поправи ситуацијата, доаѓа до паника и безнадежност. Потоа доаѓа до замор, недостиг на интерес за било каква работа или дружење.

Постојат проблеми со спиењето и сериозни напади на апатија.

Лоши навики

Личноста која страда од осаменост се обидува оваа состојба да ја излекува со пушење и алкохол, понекогаш и со дроги. Но, како резултат доаѓа до краткорочно олеснување, а покрај тоа може да дојде и до низа други проблеми.

Проблеми со срцето

Луѓето кои се чувствуваат осамено и „бескорисно за било кој“ често страдаат од хипертензија. Исто така, наместо вистински пријатели, нивните сопатници стануваат високиот холестерол и прекумерна тежина.

Слаб имунитет

Поради чувството на осаменост, личноста ги активира истите хормони како и во текот на тежок стрес. Ова става голем притисок на имуниот систем, така да осамените луѓе често имаат ослабен имун систем и тешко се борат со болестите.