Секојдневно се бориме да бидеме среќни, но и го носиме товарот на лошите навики кои често не ги ни приметуваме дека постојат во нашите животи.
За да ја задржиме позитивната енергија која ни е важна за да бидеме среќни и исполнети, мораме да се ослободиме од некои работи кои се сигурна причина за несреќа.
Ова се 3 од нив.
Постојана борба за совршенство
Совршена работа, брак, семејство, лице и тело, куќа, автомобил… тоа се цели за кои постојано копнееме, но кои не постојат бидејќи она што за една личност е бисер, за друга е кал. Важно е нешто да ни помага да бидеме среќни и важно е да научиме да бидеме задоволни со тоа што го имаме, без постојано да се трудиме да имаме повеќе. Тоа се однесува и на материјалните, но и нематеријалните работи во нашиот живот.
Негативен став
Негативниот став нема да ни помогне да отидеме предалеку. Нашите животи се преполни со негативни случувања и ситуации кои често не можеме да ги избегнеме, но важно е како гледаме на нив. Ако имаме негативен став кон сите нешта околу нас, тогаш како би ги забележале и оние убави работи што ни се случуваат. Затоа, вдишете и издишете и повторете го тоа неколку пати. Негативното размислување не ви е потребно.
Живот во минатото
Постојаното навраќање на некои нешта кои се случиле и нивното идеализирање нема да ни помогне да имаме среќна сегашност. За да бидеме среќни, потребно е да го оставиме минатото позади нас и да уживаме во сегашниот момент, но и во тоа што доаѓа пред нас. Минатото не можеме да го промениме, но сегашноста зависи од нас.