Малата Хантер Роуз Џоунс (5) не би имала среќа да се избори со ракот доколку родителите не ја однеле на рутинска контрола кај стоматолог пред 18 месеци.
Кога последниот пат била кај стоматолог сè изгледало нормално, освен што нејзиниот стоматолог забележа дека таа изгубила неколку заби истовремено. Кога направила рендген од нејзината вилица забележала дека девојчето имало тумор на вилицата.
Родителите после тоа ја однеле во Детската болница во Сиетл каде ѝ бил дијагностициран неуробласт во четврта фаза. Наредните години таа подлегнала на радијации, операции и терапии, но успеала во текот на тој период да остане силна.
Хирургот во Детската болница рекол дека доколку стоматологот не го воочил ракот, таа не би имала никакви шанси да преживее. Со оглед на тоа дека станува збор за агресивна болест, раното откривање е клучно за спас.
Пред неколку недели на девојчето конечно ѝ било соопштено дека го победи ракот и дека може да се врати кај стоматолот и да се заблагодари.
Стоматологот д-р Сусарла е благодарна на тоа што ја искористила можноста да спаси еден мал живот. Стоматолошката ординација сега собира пари со кои на девојчето ќе ѝ се овозможи да го плати учеството во истражувањата за да се следи нејзиното здравје и да се спречи детето повторно да се разболи.