петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Откриено најбезбеното место за седење во авион- погледнете кое е

Откриено најбезбеното место за седење во авион- погледнете кое е

Авионскиот превоз се смета за еден од најсигурните, но несреќи сепак се случуваат, па место на кое седите и тоа како може да ги зголеми шансите да преживеете.

Магазинот „Time” направил детална анализа на 17 авионски несреќи во последните триесет години за да открие кои места се најсигурни во авион.

Изненадувачки, најсигурно место се покажал срeдниот ред во „опашката” на авионот.

Средината на авионот низ историја се покажала како најфатален дел за патниците. Смртноста во предниот дел изнесува 44 посто во однос на задниот дел од авионот каде што таа е 28 посто, пишува „Time“.

При тоа, сигурни се сметаат и двата реда кои се најблизу до излезот во сличај на опасност, со обзир дека патниците на тие места имаат можност најбрз излез од авион.

Секако дека треба да се почитува протоколот за сигурност и да се врзете со сигурносните појаси.