Црните точки на ѕидовите обично се создаваат поради пукнатини, лоша конструкција, напукнати цевки или неотворање на прозорците за време на туширањето.
Друга причина за прекумерната влажност во просториите е сушење на алиштата во зима во затворен простор.
Освен што го расипува естетскиот впечаток, мувлата е штетна и по здравјето затоа што ја вдишуваме. Еве како можете да се ослободите од неа:
Хидроген пероксид
Ова е добро познато белило што ќе ги отстрани трагите од мувла. Истурете три процентен водород пероксид во шише со прскалка и испрскајте ги мувлосаните места. Оставете да делува околу 10 минути и избришете.
Алкохолен оцет
Исто така, истурете го оцетот во шише со распрскувач и попрскајте ги црните дамки. Ако не ви се допаѓа неговиот мирис, можете да додадете неколку капки етерично масло.
Сода бикарбона
Може да ги исчистите дамките и со обична сода бикарбона или уште подобро – измешајте ја со оцет.
Масло од чајно дрво
Ова масло не се користи само за нега на кожата и косата, туку е одлично и за дезинфекција на домот. Измешајте две лажички масло со 450 мл вода и истурете ја смесата во шише. Пред употреба, протресете и испрскајте ја површината и оставете ја да се исуши.