вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ОВА ДЕФИНИТИВНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ! Еве зошто секогаш добиваме леб во ресторани иако не сме го побарале

ОВА ДЕФИНИТИВНО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ! Еве зошто секогаш добиваме леб во ресторани иако не сме го побарале

Готвачот Рас Адамс од Вашингтон на социјалната мрежа Quora откри зошто на клиентите им се даваат пецива, ѓевреци или леб пред одредена храна во рестораните, а тоа всушност има многу смисла. Свое мислење го споделија и некои други корисници.

– Прво, овие печива ќе ве направат жедни. Жедните луѓе потоа нарачуваат повеќе пијалоци, што значи подобар профит. Второ, лебот или нешто слично го стимулира варењето и ве прави уште погладни. Токму затоа луѓето нарачуваат повеќе отколку што можат да јадат, а подоцна велат дека не успеале. Последната причина е што кога луѓето во рестораните имаат занимање, кое во случајов е јадење леб, тогаш не им е досадно и не бараат постојано келнери, напиша Адамс.

Ова прашање има над 100 одговори. Еве уште неколку објаснувања.

– Се согласувам дека штом ќе добиете нешто, дефинитивно ќе го запомните и повторно ќе се вратите во истиот ресторан. Можете да оставите и поголем бакшиш, напишал еден корисник.

Џо Колела, кој порано беше сопственик на ресторанот, исто така го сподели своето искуство.

– Повеќето луѓе премногу размислуваат за одговорот. Единствената причина зошто дававме леб пред главното јадење беше да го успориме редот, односно да им дадеме време на готвачите да подготват сè. Келнерот ќе прима нарачки од луѓето по редоследот по кој пристигнале, а додека чекаат ќе им даваат леб на посетителите. Да заклучиме, нема врска со тоа што келнерите се добри и љубезни и сакаат да ти дадат леб, туку едноставно го користат овој трик за себе.