8-годишната Дејзи-Меј Димитри е ѕвездата на најновата кампања за облека за деца од Ривер Ајлнд и фотографиите со неа се многу инспиративни.
Таа носи слатка облека што одговара со простетските нозе и изгледа навистина одлично!
Дејзи-Меј била дијагностицирана со фибуларна хемимелија (недоразвиени фибурални коски) кога се родила, па како резултати и двете нејзини стапала биле ампутирани кога имала само 18 месеци. Но, тоа воопшто не ја спречило да направи кариера како модел и манекенка или пак, да вежба во теретана со татко и.
Претставник на компанијата објаснува зошто ја одбрале токму неа:
Ние ги најмуваме моделите во однос на тоа кој најдобро одговара за специфичната кампања. За новата колекција спортска облека, ни беше потребен модел што има многу енергија и што изгледа одлично во парчињата облека. Дејзи-Меј Димитри совршено одговараше во сите точки. Бонус е фактот што таа има и љубов за сè што е поврзано со спортот.
Дејзи-Меј потпишала договор со агенција што ги претставува луѓето со инвалидитет, и брзо потоа имала можност да оди на пистата за време на Лондонската модна недела во февруари оваа година.
Таа често е барана од страна на големи имиња за модни кампањи, но кога не ја фотографираат, најчесто можете да ја најдете во теретаната или пак, како игра фудбал.