Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за здравјето на мозокот, а ги има во масните риби.
Благата загуба на меморијата е нормална последица на стареењето. Мозокот, како и кожата, но и сите други органи старее. Можеби ќе се изненадите кога одеднаш во четириесеттите години не можете да се сетите на некои детали. Но, не плашете се, тоа е нормално. Всушност, нашата меморија е најдобра во нашите дваесетти, а потоа полека опаѓа. Обично, луѓето во раните четириесетти ги забележуваат првите промени во нивната меморија.
Добрата вест е дека стареењето на мозокот може да се одложи со промени во исхраната. Најважната промена што можете да ја направите? Вклучете хранливи материи како што се омега-3 масни киселини во вашата исхрана.
Омега-3 масните киселини се најдобрите хранливи материи за здравјето на мозокот, токму затоа масната риба е најдобрата храна за спречување на губење на меморијата. Лососот, скушата, туната и харингата имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природната храна.
Токму затоа експертите предлагаат да ги вклучите во вашата исхрана за подобро здравје на мозокот.
Масната риба и мозокот
Maсната риба е најдобрата храна за спречување на губење на меморијата поради омега-3 масните киселини. Сепак, придобивките од омега-3 масните киселини не застануваат само на мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања, помагаат во одржување на нивото на триглицериди (маснотии во крвта) и можат да ги намалат симптомите на артритис.
Значи, како омега-3 масните киселини помагаат да се спречи губењето на меморијата? Всушност, вашиот мозок содржи многу масни клетки, а многу од нив се направени токму од омега-3 масни киселини. Што значи дека помагаат во одржување на мозокот со градење на клетки, што е од клучно значење за когнитивното здравје, меморијата и целокупното функционирање на мозокот.
Исто така, бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во спречување на деменција и Алцхајмерова болест, двете болести поврзани со стареење на мозокот и губење на меморијата.