недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ова е убедливо најубавото балконско цвеќе – отпорно е на високи температури, лесно се негува, цвета раскошно

Ова е убедливо најубавото балконско цвеќе – отпорно е на високи температури, лесно се негува, цвета раскошно

Метеоролозите најавуваат доаѓање на потопли денови, а тоа значи дека сè повеќе време ќе поминуваме надвор. Вистинско време е да ја уредите терасата и да направите мала оаза за уживање. Овие билки се најдобриот избор во тој случај, велат искусните градинари.

Без оглед на тоа дали вашата тераса се наоѓа на сончева страна или во ладовина, ова цвеќе раскошно ќе цути…

Бегонија

Бегониите лесно се одгледуваат, се чуваат во мала сенка и ќе цутат постојано во текот на летото, а ќе ја разубават секоја тераса. Природно живеалиште на бегонијата се тропските дождовни шуми, што значи дека од нега им треба само редовно полевање.

Ден и ноќ

Оваа билка е омилена поради своите специфични шари. Припаѓа на семејството темјанушки, а многу лесно се одржува. Ден и ноќ е отпорна билка, па нема да ѝ пречат промените на температурата, како ни престојот на јако сонце, но ни на ладно. Ова цвеќе има тенко разгрането стебло, бујни листови и цветови што растат поединечно на долги дршки.

Петунија

Петунијата е најчестиот избор за уредување на балконите. Со оглед на тоа што цути раскошно и што ја красат прекрасни цветови, не е ни чудо што им е омилена на многумина. Оваа препознатлива цветна убавица доаѓа во многу облици и бои на цветови: бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена, а може да биде и двобојна. Цути од јуни до септември, лесно се одржува, единствено морате да водите сметка да не е на ветер.

Сардела

Уникатна, повеќегодишна билка што произведува прекрасни, нежни цвеќиња во различни бои и форми. Не изискува посебна нега, па затоа им успева и на апсолутните почетници во светот на градинарството. Според старите верувања, сарделата носи среќа, па многумина се одлучуваат за ова цвеќе – поради неговата богата симболика.

Џунџуле

Овој цвет е многу популарен, првенствено поради раскошниот изглед, но и поради фактот што во каква земја и да го посадите ова растение, тоа ќе успее. Цути во текот на цело лето, а ако сакате да го продолжите цутењето, задолжително отстранувајте ги овенатите цветови и редовно полевајте го.