Две девојчиња, близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн.
Едното бебе е родено на 17-ти ноември минатата година, а другото на 22-ри февруари оваа година.
Првото девојче е родено во 26 недела од бременоста и тежело само 900 грама. Второто девојче, пак, е родено четири дена по терминот за породувањеи тежело 3,7 килограми.
Мајката Оксана добила породилни болки во 26-та недела и тогаш се родило првото девојченце. Откако се родило ова бебе, престанале болките, така што докторите решиле второто бебе да не се раѓа тогаш. Иако изгледа неверојатно, бременоста течела нормално и по повеќе од три мeсеци се родило второто девојче.
Докторите велат дека оваа неверојатна бременост можела да продолжи зашто жената имала две плаценти, а каналот на матката по раѓањето на првото девојче, целосно се затворил.
Првото бебе минало неколку недели на нeонатолошкото одделение во болницата, а потоа е пуштена дома. Сега бебињата нормално напредуваат и имаат по 5,7 килограми.