среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ОВА РАСТЕНИЕ НОСИ СРЕЌА: Откријте го вистинскиот начин како да го одгледувате

ОВА РАСТЕНИЕ НОСИ СРЕЌА: Откријте го вистинскиот начин како да го одгледувате

Бамбусите добро ги поднесуваат внатрешните услови и лесно се одгледуваат во вода.

Познато и како Лаки Бамбус, ова растение може да се одгледува во вода.

Треба да знаете дека со бамбусот треба внимателно да се постапува. Декоративниот бамбус се одгледува во вода и потребно е точно да се знае како да се грижите за него.

Прво, наполнете го садот со дестилирана вода и активен јаглен. Ставете го бамбусот и менувајте ја водата на секои 10 до 14 дена.

Бамбусот треба да се стави во добро осветлена просторија и треба да избегнувате да го изложувате растението на директна сончева светлина и провев.

Исто така, важно е бамбусот да се храни со минерално ѓубриво еднаш на секои два месеци.