четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ова се задолжителни намирници за да имате здрав црн дроб

Ова се задолжителни намирници за да имате здрав црн дроб

Додека алкохолот, транс мастите и шекерот имаат негативен ефект врз црниот дроб, некои намирници го „чистат“ и штитат овој орган.

Тоа се пред се зачините како што се куркума, бибер и црвен пипер кои поттикнуваат производство на ензими за детоксикација.

Зелениот чај го намалува ризикот од заболувања на црниот дроб благодарение на високата содржина на полифенолни соединенија.

Исто така, храната богата со омега-3 масни киселини помага во регулирање на покаченото ниво на липидите во крвта и на тој начин се намалува ризикот од безалкохолни масни заболувања на црниот дроб. Од друга страна, намирниците богати со витамин Е го забавуваат напредувањето на оваа болест и се од значајна помош за време на лечењето.

Конечно, и пробиотиците се важни за здравјето на црниот дроб – нарушената рамнотежа на цревната микрофлора често се забележува кај лица со масен црн дроб или цироза.