петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Оваа карактерна особина сигурно ве нервира: Верувале или не таа е показател дека сте интелигентни!

Оваа карактерна особина сигурно ве нервира: Верувале или не таа е показател дека сте интелигентни!

Во секојдневни ситуации, луѓето постојано се жалат дека често забораваат, што може да биде доста фрустрирачко.

Иако се третира како лоша особина, заборавањето е всушност знак на интелигенција, тврдат научниците.

Имено, едно канадско истражување покажа дека добрата меморија на мозокот е преценета, и дека нејзината спротивност – заборавноста е всушност показател за висока интелигенција.

-Добро е мозокот да заборави помалку важни работи затоа што тогаш може да се фокусира на работи што можат да му помогнат да извршува задачи и да носи одлуки, вели авторот на студијата Блејк Ричардс, како што објави Индипендент.

До неодамна, оваа карактеристика се сметаше за човечки недостаток и многу конфликти се јавуваат кога една личност постојано заборава на ситниците од секојдневниот живот, но се чини дека не е толку лошо.

-Каков вид на информација ќе се запомни зависи од ситуацијата. Меморијата е под влијание на околината, односно важноста на тоа опкружување. Ако тоа е ситуација што нема да се повтори наскоро, луѓето ќе ја заборават, вели Ричардс.

Како пример, тој ги наведува работниците во супермаркетите кои гледаат многу различни луѓе во еден ден и можеби никогаш повеќе нема да ги видат – овие луѓе едноставно нема да бидат врежани во нивната меморија.

-Од друга страна, имаме келнер од локално кафуле што ќе се сеќава на луѓето кои доаѓаат кај него повеќе од еднаш. Очигледно е најдобро да чувате спомени ако не паметите апсолутно сè, забележува тој и додава:

Ако се обидувате да донесете одлука, тоа ќе биде невозможно затоа што вашиот мозок постојано е бомбардиран со бескорисни информации. Луѓето со добра меморија честопати се идеализираат, но поентата на запомнување е да запомнат ситуации што се важни за животот.