Многумина од нас седат со скрстени нозе, а тоа никогаш не треба да го правиме, бидејќи сериозно му штетиме на здравјето, предупредуваат експертите.
Поради ваквиот начин на седење, може да почувствувате бројни последици. На пример, поради притисокот на нервот над вашите колена, нозете често ќе ви бидат вкочанети. Исто така, може да има привремено зголемување на крвниот притисок.
Најризично е кога носите и високи потпетици, а ги скрстувате нозете.
Иако изгледа многу елегантно, кога ги прекрстуваме нозете го спречуваме протокот на крв, а честото седење во оваа поза може да доведе до проширени вени.
Постојано вкрстени нозе може да бидат и причина за болки во грбот, бидејќи во таа положба мускулите на грбот се ставаат под дополнителен стрес, што доведува до напнатост.
Не се препорачува да седите во оваа поза повеќе од 10 минути дневно, бидејќи тоа ја зголемува веројатноста за сите овие здравствени проблеми.
Затоа, не ризикувајте, туку обидете се да ја промените оваа навика.