На интернет можете да најдете милион содржини за тоа како можете да ги намалите килограмите. Штом ги прочитате тие совети, често мислите дека губењето на килограмите не е толку тежок предизвик. Но, често се лажете.
Ова се три навики кои ви се непријатели во борбата против килограмите:
Пиете кафе на почеток на денот
Освен ако не се будите многу рано пиејќи вода во текот на ноќта, голема е веројатноста дека наутро ќе се чувствувате дехидрирани. Тоа не само што предизвикува стрес во вашето тело, туку и ви ја одзема енергијата и го зголемува вашиот апетит, што не е добра вест доколку сакате да ослабете. Затоа, пред да направите утринско кафе или пак чај, испијте 2 чаши вода.
Не се занимавате со физичка активност
Во просек седиме околу 67 часа во текот на неделата. Благодарение на новиот бран на технологии и нови работни места, денес губиме 100 калории помалку отколку пред 50 години. Но, тоа не значи дека треба да дадете отказ за да ослабете. Дури и кога внимавате што јадете, физичката активност е неопходна за намалувањето на килограмите.
Слушате бавна музика
Ниту една физичка активност не е иста без музиката. Но, доколку сте љубители на побавни жанрови музика, вашата плејлиста може да биде многу помалку ефективна отколку песните и музиката со бавен ритам. Според многу истражувања, музиката која е брза и содржи мотивациски изрази може да ве натера да се движите побрзо и потсвесно ве мотивира да станете од столче.