Истовремената наклонетост кон четирите лоши животни навики – пушење, алкохол, недостаток на физичка активност и лоша исхрана – може да го остари организмот и до 15 години, тврдат британските научници кои 20 години следеа 5.000 возрасни Британци.
Овие лоши навики подразбираат повеќе од 3 алкохолни пијалаци на ден за мажи, односно два за жени, помалку од два часа вежбање неделно, консумирање овошје и зеленчук помалку од 2 пати на ден и пушење цигари.
Организмот на личностите кои ги поседуваат овие лоши навики е и до 15 години постар во однос на луѓето кои на своето дневно мени немаат вакви количини на алкохол и цигари и редовно вежбаат и се хранат здраво.
Од овие 5.000 луѓе 614 ги имале сите лоши навики, а кога ги споредиле со останатите се потврдило дека ваквите лоши навики сериозно го скратуваат животот на луѓето, влијаат лошо на организмот и здравјето на човекот, но и на природната убавина.
Истражувачите советуваат дека не е добро да се има ниту една од овие навики, а доколку ги поседувате сите четири во исто време тогаш треба да му се радувате на секој проживеан ден.