четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие грешки со парфемот ги правите секое лето

Овие грешки со парфемот ги правите секое лето

Иако ги обожуваме парфемите, правиме некои грешки, токму во летниот период.

Кога помислуваме на лето, сите некако мислиме на слатки мириси. Тука лежи и грешката. На пример, цветните мириси се премногу слатки, но според стручните лица за парфеми како Ренеу Доминик, мирисите кои содржат премногу цвет, не се најдобар избор- делуваат многу тешко.

На високи температури нашето сетило за мирис реагира различно на посилни мириси. Затоа повеќето преферираат свежи и лесни мириси.

Класични се на пример мириси од мандарини, портокал кои се мешаат со тропски билки.

Многу мириси немаат многу парфем, туку и тоалетна вода кои се совршени за летниот период бидејќи не се толку концентрирани.

Купувајте само проверени парфеми

Секако, мирисот би требало да не направи посебни- дури и во лето. Сепак постојат (без разлика на годишната доба) типични мириси кои ги користи секоја втора личност.

Парфем во комбинација со сонцето?

Ако мирисот на кремата за сончање не ви е доволен за на плажа, веројатно сте го избрале својот омилен парфем пред да заминете на плажа. Главно, нема причина да не мирисате убаво на плажа. Секој мирис кој е нанесен на кожата на некој начин ја исцрпува, па затоа треба да бидете внимателни.

Поради тоа, парфемот нанесувајте го на косата или на облеката.