Некои луѓе зрачат со негативна енергија и во нивнот друштво се чувствуваме лошо, па можеме да ги наречеме и „токсични“ луѓе.
Ова се седум знаци што ги откриваат овие луѓе, што во секој случај е најдобро да ги избегнувате.
- Ништо што ќе кажете или ќе направите не е доволно добро;
- Имаат потреба да ја коментираат и најситната грешка затоа што сметаат дека се мора да биде совршено;
- Постојано го спомнуваат вашето минато и не ви дозволуваат да бидете поинакви;
- Ќе направат се за вие да не се чувствувате добро во сопствената кожа. Откако ќе си заминете од нивното друштво се чувствувате исцрпено и безволно. Не им е грижа за вашите чувства и се чувствуваат добро кога вие не се чувствувате добро;
- Постојано критикуваат, сакаат се да контролираат и не размислуваат за потребите на другите;
- Го нарушуваат вашиот приватен простор и никогаш не прифаќаат не за одговор;
- Сѐ мора да се врти околу нив, околу тоа што тие го сакаат, го мислат и го чувствуваат.