Морковите се богати со каротеноиди како што се бета каротенот и ретинолот кои во телото се трансформираат во витамин А. Овој важен нутриент го зајакнува имунитетот на телото, го намалува шеќерот во крвта и се наметнува како одличен сојузник во борбата против болестите на срцето и крвните жили.
Неопходен е за видот, развојот на коските и здравјето на кожата, ги балансира хормоните во телото, а служи и за одбрана од инфекции.
Еве 4 намирници кои се подобри добавувачи на витаминот А дури и од морковот.
1. Тиква
Стотина грама од овој сладок есенски плод содржи 0,7 милиграми бета-каротен и 14.000 единици ретинол што задоволува речиси половина од дневните потреби за витамин А. Значајни количини на вредни нутриенти ќе пронајдете дури и во питите, но добро би било да имате на ум дека во ваков облик ќе внесете и значајна количина на шеќер и масти.
2. Сладок компир
Слатките компири ја задоволува потребата за јаглехидрати, а истовремено нуди и богатство од витамини, посебно витамин А. Во еден сладок компир ќе најдете повеќе од 1 милиграм бета-каротен и 21.000 единици ретинол и така ќе задоволите поголем дел од потребите за овој вреден нутриент.
3. Кељ
Овој лиснат и лесно достапен зеленчук не се вика супер-храна без причина. Стотина грама кељ содржат дури 28.000 единици ретинол и нешто повеќе од еден милиграм бета-каротен. Покрај тоа нуди и богатство на витамините Ц и К, па се наметнува како сојузник на убавината и здравјето.
4. Масло од бакалар
Добро познат факт е дека рибиното масло богато со омега 3 масни киселини го чува срцето. Но, дали ги знаевте благодетите од маслото од бакалар? Една лажица од ова масло содржи 13.600 единици ретинол и четири милиграми бета-каротен, што е дури осум пати повеќе отколку во стотина грама свежи моркови.