недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие плодови најмногу ќе ви помогнат да ги неутрализирате штетните ефекти од пушењето цигари

Овие плодови најмногу ќе ви помогнат да ги неутрализирате штетните ефекти од пушењето цигари

Истражувања покажуваат дека штетните последици од пушењето може значително да се намалат со здрава и правилна исхрана и конзумирање на многу зеленчук.

Иако и понатаму експертите препорачуваат престанување на пушењето, за оние кои не може да се откажат од оваа штетна навика, тие советуваат конзумирање на зеленчук за ублажување на штетата.

Студија на тим научници од Холандија покажа дека конзумирањето на овошје и особено зеленчук кај пушачите го намалува ризикот од рак на белите дробови. Според резултатите, најважно е да имате разнолика исхрана, односно да јадете најразлични видови на овошје и зеленчук.

Експертите им советуваат на пушачите во својата исхрана да вклучат големи количини на карфиол, брокули, кељ, зелка и келераба. Истражувањата покажуваат дека пушачите кои редовно конзумираат од овој вид на зеленчук најмалку четири пати месечно имаат 22% до 50% помали шанси да заболат од рак на белите дробови.

Се советува зеленчукот да се конзумира свеж или пак обарен.