Еден од главните совети е дека кремот за сончање треба да се нанесува на секои два часа. Без заштитен крем, на сонце може да изгорите за само 10 минути.
Треба да сфатите дека кремите со заштитен фактор не се само миризлива течност, туку препарат кој ќе го заштити вашето здравје од злокобни болести, но и кожата од предвремено стареење.
Еве пет факти што секој треба да ги знае за кремите за сончање:
- Кремите за сончање на СИТЕ им се потребни. Не е важно дали имате светол тен и дали веќе сте малку исончани. Кремите за сончање се првенствено во служба на здравјето, а не на убавината.
- Најдобро е кремите за сончање да ги нанесете дваесеттина минути пред излегување на плажа и да нанесувате нов слој на секои два часа.
- Водоотпорните креми не можат да пружат целодневна заштита, токму како што тоа не можат да го направи ниту еден друг крем без разлика на тоа што пишува на амбалажата. По 40 минути во вода тие го губат дејствието, па пожелно е кога ќе излезете од вода повторно да се намачкате со заштитен крем.
- Факторот не ја означува „јачината“, туку „должината на траење“. Многу жени избираат пониски фактори со намера побрзо да поцрнат, но тоа е бесмислено, бидејќи факторот го означува траењето на заштитата. На пример, фактор 15 трае 150 минути, фактор 30 – 300 минути. Потоа е потребно повторно нанесување на кремот. Без крем на сонце може да изгорите веќе после 10 минути.
- Кремот за сончање е неопходен и во град, но и за време на облачните денови, бидејќи облаците пропуштаат дури 80% UV зраци.