Влажното и мокро опкружување во бањата е погодно за создавање на мувла и бактерии. Повеќето луѓе ги чуваат пешкирите, козметиката и бричевите во бањата, а не се ни свесни колку тоа всушност не е паметно решение.
Разликите во температурата и влагата можат да го нарушат нивниот квалитет и да им го скратат рокот на траење. Затоа експертите советуваат одредени производи да не ги држите на полиците во бањата. Префрлете ги на суво и ладно место. Пешкирите најдобро е да се чуваат во фиока.
Доколку немате доволно простор во гардероберот, гледајте бањата да ви има добра вентилација и константно да е проветрена.
Со оглед на тоа дека козметиката треба да ја чувате на собна температура, бањата никако не е добро место за чување.Четките за шминка значително собираат бактерии и мувла, како и лаковите за нокти и парфемите.
Исто така, во бањата не треба да го чувате ниту накитот бидејќи влагата предизвикува пропаѓање, дури ни бричевите бидејќи и тие се полнат со бактерии, влагата дополнително ги отапува, а може и да ги рѓоса бидејќи во бањата се забрзува и процесот на оксидација.