Доколку сте во потрага по зеленило кое ќе го украси вашиот дом потребно е да знаете дека некои растенија се опасни по здравјето на домашните миленичиња.
Спатифилум (Spathiphyllum)
Ова популарно зимзелено растение со бели цветови е убаво, но е мошне опасно за мачки и кучиња. Џвакањето на листовите кај домашните миленичиња може да предизвика повраќање и потешкотии со голтање.
Фикус лира (Ficus lyrata)
Ова собно растение не е многу мудар избор за сопствениците на домашни миленичиња. Иако нема смртоносно дејство на кучиња и мачки, сериозно ја надразнува устата и слузокожата.
Колоказија (Colocasia esculenta)
Тропското растение колоказија, познато под името слоново уво, според зборовите на експертите може да доведе до отекување на устата, повраќање и диареја кај домашните миленичиња.
Еукалиптус (Eucalyptus gunny)
И покрај смирувачкиот мирис и убавите листови, еукалиптусот кај домашните миленичиња може да предизвика депресија и малаксаност.
Еластичен фикус (Ficus elastica)
Популарното собно растение, кое го карактеризира восечен изглед на листовите, може да предизвика иритации на кожата кај луѓето и да предизвика болести на системот за варење кај домашните миленичиња.