Корисничката на TikTok, Леа која е експерт за подароци, наведува 6 работи кои никогаш не треба да ги подарувате.
Кога избирате роденденски подарок, треба исклучително добро да го знаете примачот: што сака, што не сака, што би сакале да имаат и на што никогаш не би потрошиле пари, но би ценеле ако некој им подари.
Таа вели дека овие работи не треба да се подаруваат:
1. Шминка
– Ако не знаете што човекот вообичаено користи и дали можеби има проблеми со кожата или алергии, не подарувајте шминка – вели Леа.
– Мислам дека е безбедно да и дадете на некоја личност нешто што често го користи, но не треба да ги избирате работите случајно, освен ако тоа лице не го побарало од вас. А, ако веќе сакате да подарите нешто поврзано со шминката и убавината, без ризик дека личноста ќе биде алергична на тоа или едноставно нема да му се допадне, пронајдете неколку слатки шноли, штипки за коса или свилени ластици – објаснува Леа.
2. Книги за самопомош
Книгите за самопомош најдобро се купуваат само за себе.
Леа вели дека без разлика дали се работи за организирање, чистење или само поинаков начин на размислување, овие книги дефинитивно можат да испратат погрешна порака.
3. Парфем
Парфемите и колонските води се скапи – и многумина уживаат да пробуваат нови мириси. Меѓутоа, кога некому ќе му подарите парфем за роденден, голема е веројатноста дека нема да му се допадне.
– Сите имаме различни преференци. Подобро е да купите нешто што знаете дека веќе славеникот го користи – вели Леа.
4. Членство во теретана
Само затоа што можеби сакате членство во ново студио за пилатес не значи дека вашиот пријател или член на семејството ќе бидат среќни поради тоа.
– Таквиот подарок може да изгледа како тивок начин да поттикнете некого да вежба повеќе, а со тоа можете да повредите нечии чувства – предупредува Леа.
5. Предмети кои го менуваат физичкиот изглед
Многу работи спаѓаат под ова. Тоа се, на пример, ленти за избелување на забите, само-потемувачи, бои за коса.
6. Средства за хигиена
Исто е и со средствата за хигиена; освен ако навистина сакате да инсинуирате дека на вашиот пријател не му е грижа.
– Тука спаѓаат работи како дезодоранси, средства за миење уста и паста за заби – вели Леа.
Таа забележува дека, се разбира, ова не ги вклучува фенси лосионите, сунѓери, лакови за нокти или купки за телото.