петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие симптоми никогаш не треба да ги игнорирате, ако ги чувствувате ви треба помош од доктор

Овие симптоми никогаш не треба да ги игнорирате, ако ги чувствувате ви треба помош од доктор

Иако за поголемиот дел од симптомите кои секојдневно ги чувствуваме нема потреба да се грижиме, сепак постојат некои работи кои никако не треба да ги игнорирате.

Докторката Евелин Левин направила листа од „секојдневни“ симптоми и објасни како тие можат да бидат знак за сериозни медицински состојби.

Болка во стомак

Иако болката во стомакот најчесто е безопасна, изненадувачка абдоминална болка е знак дека морате да посетите доктор. Многу работи можат да ја предизвикаат оваа болка – запек, пукање на циста на јајниците или оштетена аорта.

Недостаток на здив без никаква причина

Доколку останете без здив, тоа може да сугерира појава на пулмонална емболија. Голема веројатност за развивање на пулмоналната емболија постои доколку земате некои апчиња, долго седите, пушите или летате. Исто така овој симптом може да биде причина за појава на пневмонија или панични напади.

Ненадејна главоболка

За многумина главоболката е секојдневен дел од животот, а нејзината јачина варира од обична главоболка до мигрена. Меѓутоа, секоја ненадејна главоболка бара посета на доктор. Ако главоболката се појави наеднаш и се силен интензитет тоа може да биде знак за мозочно крварење за кое е потреба итна хоспитализација.

Жед која не може да се задоволи

Доколку забележите дека пиете премногу вода во текот на денот, тогаш би требало да закажете преглед. Полидипсијата е еден од првите симптоми на дијабетес. Кога нивото на шеќер во крвта е превисоко, телото врши притисок на бубрезите да произведуваат повеќе урина за да се ослободат од вишокот на глукоза, а тоа доведува до голема жед и често мокрење.

Болка во рамото, вилицата, вратот или грбот

Ова се најчестите симптоми за срцев удар. Покрај тоа обично се во комбинација со малаксаност, кашлање и повраќање. После тоа човекот започнува да се поти и се онесвестува. Било кој од овие симптоми во комбинација со наведениве појави е знак дека итно морате да му се обратите на вашиот доктор.