сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Oвие симптоми ви укажуваат дека ви фали јод во организмот, еве како да си помогнете

Oвие симптоми ви укажуваат дека ви фали јод во организмот, еве како да си помогнете

Недостатокот на јод во организмот се манифестира со лоша концентрација, недостаток на енергија, екстремен умор, депресија, лош тен и опаѓање на косата.

Покрај тоа, може да дојде и до отоци на рацете, очите, нозете, слаби отчукувања на срцето и грчеви во мускулите.

Прекумерната телесна тежина исто така е една од појавите кои се случуваат поради недостатокот на јод, бидејќи овој елемент е еден до најдобрите катализатори на оксидација во нашиот организам.

Јодот првенствено игра улога во работата на тироидната жлезда. Таа содржи 70 до 80 отсто јод, но тој е важен и за другите ткива: Мозокот, кожата, стомакот, градите и церебралната спирална течност.

Недостатокот на јод во било кој од тие делови на телото, може да доведе до негова дисфункција.

Ако заклучите дека на вашиот организам му недостига јод, консумирајте храна богата со јод.

Јодот најмногу го има во морските видови на риба, морските плодови, морковите, спањакот, грашокот, компирите, печурките, јагодите, бананите, зелката, лукот, салатите и во жолчката на јајцето.