среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие тајни не се слатки, но би било добро да ги премолчите пред вашиот партнер

Овие тајни не се слатки, но би било добро да ги премолчите пред вашиот партнер

Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста.

Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.

Што мислите за мајка му

Ова е една типична тајна која е подобро да биде премолчена. Која корист од тоа ако му кажете дека не можете да ја поднесете неговата мајка? Тој можеби ќе ве разбере, но тешко дека ќе може да преземе нешто околу тоа. Во најлош случај, може да се сврти против вас. Сепак, тоа е жената која му дала живот.

Тајните на вашите другарки

Ако некоја другарка ви се довери за нешто што не треба да го кажете никому, тоа треба да се почитува.

Безопасен флерт

Во долгите врски дури е и пожелно повремено партнерите да флертуваат со други. Нормално, ова е безопасно да се премолчи и сосема во ред да се прави одвреме-навреме, сè додека не планирате да одите докрај со некој со кој сте си размениле неколку погледи и срамежливи насмевки.

Скап шопинг

Ги здогледавте чевлите на излогот и моравте да ги купите. Не ви се неопходни, а за волја на вистината, скапи се, но едноставно не можете да се одлепите од излогот додека не посегнете по паричникот и да завршите со тоа. Тоа вашиот партнер не мора да го знае. Но внимавајте, доколку сте ги купиле од вашата заедничка сметка, подобро е да го признаете вашиот “грев“.

Комуницирање со бивши

Ако размените неколку збора со некој бивш на Фејсбук или случајно се сретнете некаде и помуабетите некоја минута, тоа не е причина да се возбудувате и веднаш сè да му репортирате на сегашниот партнер. Искреноста само ќе донесе сомнежи. Колку и да сте само пријатели со бившиот, на актуелниот дечко тоа ќе му пречи. Но, ако планирате да седнете заедно на кафе, препорачливо е да бидете искрени. Многу полошо е тој да дознае од други кои случајно ве виделе заедно.

Душкање во неговата приватност

Ако веќе сте го пикнале носот каде што знаете дека не требало, барем задржете го тоа за себе. Сте му ѕирнале во телефонот додека бил да се тушира, сте ја провериле историјата на посетени сајтови во неговиот прелистувач на компјутерот? Доволно е ова да остане меѓу вас и уредот.