На некои луѓе новите навики им се допаѓаат, но за некои тие се многу чудни и неприфатливи.
1. Партнерите буквално се натпреваруваат за тоа кој ќе биде подоминантен во врската
Во 21-ви век сите веруваме во рамноправноста. Меѓутоа, се чини дека современите парови, особено на почетокот на врската, забораваат на рамноправноста. Најважно им е да докажат кој од нив е подоминантен. А додека тие се натпреваруваат, не си дозволуваат себеси да ги почувствуваат пеперутките во стомакот и на тој начин не си дозволуваат да доживеат љубов.
2. Им дозволуваат на социјалните мрежи да се плеткаат во врската
Врската не се смета за успешна, ако не сте го споделиле тоа со светот преку социјалните мрежи. Емоционалната интимност некогаш беше најважна, но денес модерно е таа да не постои. Се чини дека на младите парови најважно им е да му покажат на светот дека врската е среќна, а колку се трудат вистински да доживеат среќа со партнерот, тоа е под знак прашалник.
3. Слатките зборови кои некогаш биле изговарани, денес се претворија во емотикони
Убавите зборови се старомодни за новите генерации. Денес чувствата се искажуваат со голем спектар на емотикони, смајлиња и слични стикери. Модерните парови ја усовршиле размената на емоции на овој начин и целосно се разбираат меѓусебно. Но зар не треба некогаш да се искажуваат искрените и длабоки чувства со зборови?
Овие чудни навики на паровите од новите генерации целосно ја имаат потиснато романтиката и додворувањето, но вистинското прашање е: Дали може од така површен однос да се развие вистинска љубов?