четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие трикови за убавина со сода бикарбона секоја дама треба да ги знае

Овие трикови за убавина со сода бикарбона секоја дама треба да ги знае

Содата, освен што има широка употреба во домаќинствата, може да биде и одлична состојка за убавина. Достапна е, не е опасна по здравје, а воедно е многу евтина.

Еве неколку едноставни трикови кои можат да ѝ помогнат на секоја жена да си ја зачува и да ја одржи убавината.

МАСКА ЗА ЛИЦЕ

Во блендер измешајте една лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Додадете онолку вода колку што е потребно за да добиете густа смеса. Маската нанесете ја на лицето, оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете.

ПРОТИВ ЦРНКИ

На црнките можете да им ставите крај со овој природен лек. Во малку гел за миење лице додадете една лажица сода бикарбона, лажица сол, и измешајте. Нанесете на сува кожа, почекајте 5 минути и потоа исплакнете.

ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО

Ставете малку сода бикарбона на вашата дланка, додадете неколку капки вода и потоа тријте го лицето. Вака ќе направите нежен пилинг, но притоа внимавајте смесата да не дојде во допир со очите, па убаво исплакнете.

ПЕДИКИР

Во топла вода ставете една или две лажици сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло (можете да одберете лаванда, бидејќи е добра за опуштање или пак масло од чајно дрво кое делува антибактериски). Држете ги стапалата околу 15 минути, а потоа почнете со нежен пилинг.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЛАЖНИОТ ТЕН

Кремите за самопотемнување често знаат да остават флеки по телото, особено ако не ги користите правилно. Содата е добро решение против овој проблем. Исцедете сок од лимон и додадете му неколку лажици сода бикарбона, така што ќе добиете густа паста. Користете ја како пилинг, тријте сè додека флеките не исчезнат.