Убаво е да имаме пријатели на кои можеме да им ги кажеме своите тајни и да се потпреме во тешки времиња, но некогаш не мораме да ги споделуваме сите наши мисли.
Постојат тајни кои треба да си ги задржиме само за себе.
Мислите дека вашата сакана личност се однесува неумесно
Во ред е да им се пожалиме на нашите пријатели кога нашите партнери не излудуваат. Малку приговори се во ред, но треба да знаеме кога треба да запреме.
Ако споделите некои вакви работи кои се однесуваат за вашата сакана личност, тогаш многу лесно таа може да испадне „будала“ во очите на пријателите. Вашата лутина може да помине, може и вашата перцепција да е погрешна и таа да помине, но вашите пријатели може да го запаметат тоа.
Колку заработувате
Живееме на Балкан и често се соочуваме со непријатни прашања за тоа колку заработуваме. Но, немаме обврска никому да му го откриваме тоа. Ваквите дискусии често доведуваат до претерани проценки, а често предизвикуваат и различни лоши ситуации во пријателствата. Затоа, не морате да споделувате колку заработувате со никого.
Кои од вашите пријатели не се најобожавани од вашиот партнер
Често се случува партнерот да не обожава премногу некој од нашите пријатели и тоа е сосема нормално. На крајот на краиштата, тие се наши пријатели, а не нивни.
Сепак, не морате да споделувате со останатите пријатели и да ги правите ситуациите уште понепријатни. Не предизвикувајте непотребни непријатности и нетрпеливост.
Детали од вашиот сексуален живот
Забавно е да се зборува за некои детали од врската и слатко е да се споделат некои мали детали за сексот. Но, не претерувајте. Тие работи се интимни и треба да знаете дека кога споделувате дел од својата интима, истовремено споделувате дел и од интимата на својот партнер, затоа бидете внимателни.