среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие зборови се посилни од „те сакам“, кажете ги на своите сакани

Овие зборови се посилни од „те сакам“, кажете ги на своите сакани

Еден од најважните моменти во секоја врска е кога човек првпат ќе ја каже и ќе ја слушне фразата „Те сакам“. Оваа фраза дефинитивно не треба да се земе здраво за готово, но таа не е единствената реченица која ја легитимизира врската и ја прави најцврста на светов.

Иако овие две зборчиња се многу важен чекор, има уште многу други реченици кои можеби значат и повеќе отколку само декларативно да се каже оваа фраза.

„Ме инспирираш.“

Сакам да знам дека ти давам сила и мотивација за да оствариш се што сакаш. Тоа значи дека ти ја давам поддршката која ти е потребна за да се соочиш со предизвиците.

„Секогаш ќе бидам тука за тебе.“

И во добро и во зло, покажи ми дека за секоја пречка со која ќе се соочам, ти ќе бидеш тука за да ми го чуваш грбот.

„Никогаш нема да престанам да те предизвикувам.“

Постојано туркај ме да се развивам и да се подобрувам. Помогни ми да ги согледувам сите агли од ситуацијата.

„Сакам да остарам со тебе.“

Кога ќе имаме 85 години и ќе седиме заедно пред телевизорот, сакам да се навратам на нашиот живот и да се каам за ништо.

„Те знам, те гледам.“

Едно е да познаваш некого површно, сосема друго е да гледаш во неговата душа и да знаеш дури и што мисли.

Те почитувам.“

Кажи ми дека ме цениш, не само за улогата која ја имам во твојот живот, туку и поради моите соништа и она што сум.

„Никогаш нема да се откажам од нас.“

Врските си бараат труд. Покажи ми дека нема да се откажеш кога ќе стане тешко. Кажи ми дека нашата комуникација секогаш ќе биде отворена и дека можеме да надминеме се.

„Заљубен сум во тебе.“

Некои не ја гледаат разликата меѓу оваа фраза и „Те сакам“, но разликата е очигледна. Љубовта е чувство, но заљубеноста е ветување.

„Преубава си.“

Не во моментите кога се подготвувам за излегување, туку во оние спонтани моменти кога немам ни грам шминка на мене.

„Ти верувам.“

Ниту една врска не може да преживее без целосна искреност и доверба. Со меѓусебна доверба можеме да надминеме се.