Најголемиот непријател на совршеното тело нејзе и е вишокот кожа, а не се откажува и вели дека и тоа ќе го доведе во ред.
Тајна Пачеко Барбоса го прославила полнолетството како девојка со неверојатни 140 килограми, а тоа е факт кој не ја вознемирувал се додека не ја изгубила својата баба, која починала поради срцева болест. Вградила бајпас на желудникот, но и од корен го променила животот. Сега е опасна заводничка за која воздивнуваат мажите.
Тајната како што вели таа за „Мирор“ е дека вежба шест дена во неделата. Најголем непријател на совршеното тело нејзе и е вишокот кожа, а не се откажува и вели дека и тоа ќе го доведе во ред. За неа како што вели доста се благотворни масажите на кои оди редовно.
Нејзината баба, најважната личност во животот на оваа млада Бразилка, починала неколку месеци пред нејзиниот 18-ти роденден, а три години пред тоа и мајката на Тајна преживеала срцев удар.
Болестите и трагедиите биле одлучувачки за Тајна која цел живот имала проблем со килограмите да преземе нешто.
Сега има 60 килограми.
-Почнав да се здебелувам уште како петгодишно девојче, меѓутоа загубата на бабата и болеста на мајката тоа не ми е проблем. Немав никаква самодоверба, не го обожавав баш моето тело, но се прифатив таква каква што бев, раскажала таа, откривајќи дека секогаш имала неконтролирана глад, па најчесто јадела нездрава и брза храна.
Кога одлучила да раскрсти со старите навики, од исхраната во потполност го исфрлила шеќерот, мастите и индустриската храна, а телото го преобликувала со помош на теретана, бокс и боди билдинг.
Сега стана ѕвезда и има повеќе од 54.000 следачи кои секојдневно ги мотивира и инспирира да преземат нешто ако се незадоволни со својот изглед.