четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пет грешки при перење на алишта кои најчесто ги правиме: Поради една, машините побрзо „цркнуваат“

Пет грешки при перење на алишта кои најчесто ги правиме: Поради една, машините побрзо „цркнуваат“

Кога станува збор за перење облека, сите имаме некои вкоренети навики и ставови – некои сакаат да ставаат омекнувач, некои не, други употребуваат оцет или сода бикарбона … Но, некои од нас несвесно прават грешки, кои се откриени од експертот Ешли Аирдејл.

Омекнувач за перење алишта
Милиони луѓе ширум светот сакаат нивните алишта да бидат меки и миризливи, но Ешли советува да не се користат омекнувачи затоа што „не придонесува“ на кој било начин алиштата да бидат почисти, напротив.

Тој тврди дека остатоците од оваа миризлива течност со текот на времето можат да се акумулираат во машината и да ја намалат апсорпцијата, што не е добро за пешкирите.

Топла вода
Иако сите сметаме дека топла вода е неопходна за добро перење алишта, Ешли тврди дека нема многу разлика помеѓу миењето на облеката со топла или ладна вода. Затоа, вели тој, нема потреба постојано да се вклучуваат некои програми со повисока температура, поради што машината мие подолго …

Полнење на машината
Најголемата грешка што ја прават луѓето е премалку или премногу алишта во машината.
“Ако ставите премалку, трошите прав, вода и електрична енергија затоа што не ја користите машината економично и ефикасно. Премногу алишта значи дека нема да се измијат добро или ќе го скратите векот на вашата машина”.

Ешли инсистира на тоа дека е важно алиштата да се распределат рамномерно во барабанот на машината, како и дека алиштата не треба да го исполнуваат целиот тапан.

Нежна облека
Ешли советува да користите кеси за миење нежна облека во која ќе ги ставите пред да ја вклучите машината. Во спротивно, алиштата брзо ќе се влошат и се протегаат.

Затворање на вратата
Повеќето луѓе ја затвораат вратата на машината веднаш по миењето затоа што изгледа поуредно. Сепак, ова е голема грешка затоа што ја заробувате влагата внатре, па може да се појави мувла.

Многу е важно да ја оставите машината отворена некое време по миењето, така што внатрешноста целосно да се исуши, ова ќе спречи развој на непријатни мириси.