среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Пет застрашувачки пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година

Пет застрашувачки пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година

Баба Ванѓа ги предвидела 11 септември и Брегзит, катастрофата во Чернобил и смртта на принцезата Дајана. Во своите пророштва открила и што не’ очекува во претстојната 2023 година.

Додека многумина ќе се надеваат на добри вести во 2023 година, предвидувањата на Баба Ванѓа се полни со пропаст и мрак.

Промена на Земјината орбита

Баба Ванѓа предвиде дека во 2023 година Земјата некако ќе доживее промена во својата орбита. Не е прецизирано на што мислела, но каква и да е таа промена, може да има катастрофални последици, бидејќи и најмала промена во рамнотежата на движењето на Земјата може да доведе до несакани и крајно штетни промени на климата и нивото на морето. Доколку Земјата се приближи до Сонцето, ќе се соочиме со зголемено зрачење и температури, што ќе резултира со брзо топење на глечерите, зголемување на нивото на морето и глобална вонредна состојба; ако планетата се оддалечи од Сонцето, би отишле во ледено доба со подолги периоди на темнина, што би предизвикало сосема поинаков сет на катастрофални ефекти за животот на Земјата.

Биолошко оружје

Ванѓа најави дека една „голема земја“ ќе спроведе студии за биолошко оружје врз луѓе, што ќе резултира со смрт на илјадници луѓе. Меѓутоа, во овој момент, Конвенцијата на Обединетите нации за биолошко оружје ги забранува овие видови експерименти. И покрај ова, се верува дека некои земји тајно веќе напорно работат на тоа.

Нуклеарна експлозија

Меѓу предвидувањата на Ванѓа за 2023 година е и експлозија на нуклеарна централа. Ова застрашувачко пророштво добива на тежина по нејзиното предвидување за катастрофата во Чернобил и во контекст на загриженоста на светот за ситуацијата во Украина. Дури и најмала грешка во нуклеарната централа Запорожје може да доведе до катастрофа која би имала страшни последици за многу европски земји.

Сончева бура

Друго предвидување, иако прилично нејасно, е доаѓањето на масивна соларна бура од размери досега невидени на планетата Земја. Сончевите бури се всушност големи експлозии што се случуваат на Сонцето. Сонцето потоа испушта високо ниво на енергија и радијација, што може да предизвика проблеми со работата на ГПС системите, радио комуникациите и сателитите кои орбитираат околу Земјата. Сепак, помоќните соларни бури предвидени од Баба Ванѓа ќе доведат до оштетување на технологијата, па дури и до масовни прекини на електричната енергија и дефекти на комуникацијата, што може да предизвика цела низа проблеми.

Крај на природно породување

Визијата на Баба Ванѓа за 2023 година го вклучува крајот на природното човечко раѓање. Во оваа проекција, властите забрануваат породување и целиот човечки живот се одгледува во лабораторија. Така, лидерите и медицинските експерти би можеле да одлучат кој ќе се роди, додека родителите би можеле да ги приспособат своите карактеристики и изглед – како што се бојата на косата и очите. Ова е дефинитивно едно од најчудните предвидувања на Ванѓа – и ги поттикнува стравувањата од пад на наталитетот.