вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

По маникирот доживеала хорор: Ќе останела без прст, а сега упатува апел до сите жени кои прават нокти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

По маникирот доживеала хорор: Ќе останела без прст, а сега упатува апел до сите жени кои прават нокти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Жена чиј идентитет не е откриен доживеала хорор откако била на маникир- малку фалело да остане без прст по правењето на нокти во некој козметички салон.

Таа верува дека инфекцијата настана од нестелизираните инструменти кои ги користат за маникир и предупредува жените да внимаваат кога одат на средување на ноктите.

Вака почнало се:

Била на третман на ноктите, а кога завршила со средувањето забележала дека на врвот од прстот има мал оток и веднаш заминала на лекар каде и биле дадени антибиотици и упат за на клиника.

Два дена подоцна, отокот почнал да расте, а прстот да потемнува. Кога стигнала во болница прстот целосно и поцрнел, па и било кажано дека најверојатно ќе треба по пат на хируршки зафат да ѝ го отстранат.

Но, за среќа операцијата поминала успешно и докторите успеале да ја отстранат инфекцијата.

Таа сега се обидува да ја подигне свеста кај жените за ризиците кои владеат во салоните за маникир.

Затоа, ВНИМАВАЈТЕ!