Секогаш е прекрасно да се добие подарок, бидејќи тоа е знак на вистинско внимание и грижа, но уште поубаво е чувството кога подаруваме нешто. Ако и вие обожавате да им купувате подароци на најблиските и пријателите, тогаш вреди да го прочитате следното.
Добро е да се има во предивид што не треба да се подарува и зошто:
Крпа
Според верувањата, подарената крпа може да предизивика раздор во семејството, па така најдобро е да подарите комплет додатоци за бањата, доколку барате подарок за таква намена.
Паричник или касичка
Подарувањето на овие две работи се смета за целосна загуба. Доколку не сакате да предизвикате финансиски проблем на оној на кого му ги подарувате, се препорачува во истите да вметнете монети, за да не бидат подарени празни.
Вештачки цвеќиња
Не е необично да се подаруваат цвеќиња, но вештачките цвеќиња носат „мртва“ енергија и може да донесат непријатности во семејството. Најдобро е да изберете природни цвеќиња.
Вилушки и ножеви
Вилушките и ножевите или било какви остри предмети не се препорачуваат за подарување, бидејќи според верувањата може да предизвикаат раздор во семејството и притоа да привлечат болест.
Часовник
Се смета дека подарувањето на часовник може да предизика крај на љубовните односи во кои се наоѓаат луѓето на кои им се подарува овој предмет, а според многу култури, часовникот како подарок води кон пократок живот.
Бисери
Колку и привлечно да изгледа модното парче накит или огрлица декорирана со бисери, според многу верувања, истата ќе првилече огромна негативна енергија на личноста за кого е наменет подарокот,
Извор: НАНЕ