Миењето на забите е важно за оралното здравје. Но луѓето често забораваат на јазикот. Промените на бојата на јазикот укажуваат дека нешто се случува во вашето тело.
Нормалната боја на јазикот е светло розова, а црвената боја алармира на процес на инфекција.
Доколку вашиот јазик има жолт слој на средината – вашето тело има проблеми со дигестивниот систем и црниот дроб.
Белата боја на јазикот ве потсетува да пиете повеќе вода.
Тенки пукнатини на јазикот се показател за габични инфекции кои најчесто се манифестираат и со потење, несоница и иритација.
Темни точки на виолетов јазик – големи се шансите дека имате застој на крвта и проблеми со вените. Отечени нозе, главоболка, болка во градите и кожа без сјај се честите недостатоци од кои страдаат овие луѓе.
Визуелниот метод на дијагноза не е 100% прецизен бидејќи деформациите кои се јавуваат на јазикот не секогаш се должат на инфекции или внатрешни процеси туку и на храна и бактерии.