среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Последиците може да бидат опасни ако на кожата останат повеќе од 36 часа: Еве како правилно да ги отстраните крлежите

Последиците може да бидат опасни ако на кожата останат повеќе од 36 часа: Еве како правилно да ги отстраните крлежите

Крлежите можат да бидат опасни, па затоа е важно правилно да ги отстраните доколку ги најдете на себе.

Не е секој крлеж заразен, па не секој крлеж е опасен.

Има крлежи кои пренесуваат микроб наречен Borrelia burgdorferi, кој предизвикува Лајмска болест, која е една од сериозните компликации кои можат да бидат предизвикани од каснување од крлеж.

Крлежите се составен дел од природата, па ако останеме на отворено подолго време, а особено ако екстремитетите не се заштитени, крлежот може да се фати на кожата. Потоа се храни со нашата крв и ако е заразена со Борелија, прво ја ослободува локално, на кожата, а потоа влегува во крвта и на тој начин допира до сите органи и може да поттикне развој на Лајмска болест.

Докторите нагласуваат дека е многу важно што поскоро да одиме на лекар доколку забележиме крлежи. Имено, ако крлежот е на кожата повеќе од 36 часа може да биде опасен.

По секој престој во природа прегледајте ја кожата за да видите дали има нова црна дамка на вас. Може да биде крлеж.

Најдобар начин за отстранување на крлежи
Некои народни верувања за отстранување на крлежите се сосема погрешни. Меѓу нив е употребата на бензин и вртењето крлежи спротивно од стрелките на часовникот, додавајќи дека тоа може само да ја влоши ситуацијата.

Кога не сме блиску до докторот, а крлежот треба брзо да се отстрани, треба да знаеме како правилно да го направиме тоа.

Првото нешто што е важно е каква пинцета треба да изберете. Најсоодветна пинцета за отстранување на крлежи е онаа со зашилен врв. Под крлежот треба да дојде пинцета, односно да лежи на кожата. Потоа со силно движење повлечете нагоре – нема вртење и благо извлекување во насока спротивна од стрелките на часовникот. После тоа се дезинфицира просторот, а пред да се отстрани, важно е да се дезинфицираат самите пинцети.

Кога ќе го направите тоа, би било идеално да го испратите крлежот на анализа за да видите дали е заразен. Во зависност од тоа, вашиот лекар може да ви препише антибиотска терапија.

Доколку се покаже дека крлежот не е заразен, а е во кожата помалку од 36 часа, следењето на состојбата на пациентот се продолжува, но не се дава терапија. Доколку сами го извадиме крлежот, дефинитивно треба да се јавиме кај докторот, кој ќе го следи местото на кожата каде што бил крлежот во наредните 30 или 40 дена. Еден од првите симптоми на Лајмската болест е еритема (црвенило на кожата), која изгледа како мета за пикадо, а доколку го забележите тоа задолжително посетете лекар. Истото потребно е да го правите и доколку чувствувате проблеми како болки во мускулите, слабост, температура.