Бадемите се полни со витамини и хранливи материи, односно имаат голем број здравствени придобивки. Ги штитат срцето и вените, го подобруваат помнењето и го снижуваат холестеролот.
Се препорачува секој ден да изедете по неколку бадеми дневно. Но нивната хранливост ќе ја почувствувате уште повеќе ако преку ноќ ги оставите потопени во вода.
Така ќе ја намалите количината на киселини што се наоѓа во лушпата на јаткастите плодови, а кои можат да ја намалат апсорпцијата на хранливите материи од бадемите во телото.
Од мокрите бадеми, организмот уште подобро ќе ја впие нивната хранливост, витамини и минерали и ќе ја стимулира активноста на ензимите во телото, а ќе ја подобри и дигестијата.
Потопените бадеми имаат повеќе витамин Б и ензими, како што е липазата, за разлика од сувите бадеми и повкусни се. Исто така, потопените бадеми се добар извор на калиум, влакна, протеини и здрави маснотии, вклучувајќи и монозаситени и полизаситени масни киселини, додека од друга страна имаат помала количина на заситени масти.
Ова јаткасто овошје содржи и калциум и железо, а тоа се моќни антиоксиданси што ни го чуваат здравјето.
Благодарение на витаминот Е, влакната и фолната киселина, потопените бадеми ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем, помагаат при дијабетес, проблеми со кожата и хронични болести, како што се срцевите нарушувања и ревматолошкиот артритис.
Освен тоа, тие се ефикасни сојузници на слабеењето, бидејќи нивната богата количина на влакна го намалува чувството на глад, а со тоа и бројот на внесени калории, па така поттикнува губење килограми.
Најдобро е потопувањето во две води во рок од 24 часа.
Земете околу 250 грама бадеми, ставете ги во сад или лонец и прелејте ги со топла вода.По 12 часа, исцедете ја водата и додајте во бадемите две лажички сол.Потоа повторно наполнете го садот со топла вода и оставете ги бадемите во неа уште 12 часа.
По 24 часа потопување, лесно ќе ја извадите кафеавата лушпа од бадемите, доколку не се одвоила самата.
Потопените бадеми можете да ги користите една недела, без да се плашите дека ќе ја изгубат својата хранлива вредност.