Оваа приказна ќе го промени вашиот начин на размислување, вреди да се прочита.
Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и се пожалила дека и е тешко во животот. Не знаела како понатаму и сакала да се откаже од сѐ. Се чувствувала уморна од борба. Се чинело дека штом се реши еден проблем, се појавува друг.
Бабата ја слушала и ја однела во кујната. Наполнила три тенџериња со вода и оставила водата да врие. Потоа во едното тенџере ставила морков, во другото јајце, а во третото кафе. И оставила тие да се варат. По 20 минути го изгаснала шпоретот. Тогаш го извадила морковот и го ставила во една чинија. Потоа го извадила јајцето и го ставила во друга чинија. И на крајот го ставила кафето во еден филџан.
Бабата се свртела кон својата внука и ја прашала што гледа.
Внуката рекла дека гледа морков, јајце и кафе.
Бабата тогаш ја замолила да го допре морковот. Внуката го направила тоа и увидела дека морковот е мек. Потоа ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата се наоѓало тврдо варено јајце. И на крајот бабата ја замолила внуката да го проба кафето. Внуката се насмевнала кога го почувствувала прекрасниот вкус на кафето.
И на крај рекла: „Добро бабо, што значи сето ова?“
Бабата објаснила дека секоја од тие намирници се соочила со истата „неволја“ – врела вода. Но, секоја од нив реагирала различно. Морковот бил тврд и непопустлив, но потоа омекнал и станал слаб. Јајцето било кревко, неговата тенка лушпа ја штитела неговата внатрешност, но потоа неговата внатешност стврднала. Меѓутоа, зрнцата кафе се уникатни. Откако биле ставени во врела вода, тие ја промениле водата.
„Во кој пример се пронаоѓаш ти, дете мое?“ – прашала бабата.