Некој стар трговец секое утро одел на изворот за да ги наполни своите стомни со вода и ги носел на рамена за да им ги даде на своите купци во градот. Една од стомните била напукната и затоа губел дел од водата додека стигне, а другата стомна била потполно нова и носела повеќе пари.
Целосната стомна се гордеела со себе, додека пак оштетената стомна се срамела. Чувствувајќи се помалку вредна, оштетената стомна му рекла на својот сопственик:
„Се срамам затоа што не можам да ти служам онака како што сакам. Свесна сум за своите ограничувања и дека поради мене не ја добиваш очекуваната заработка, затоа што сум речиси празна кога ќе стигнеме во град. Те молам прости ми за мојата слабост.“
Следното утро, на патот кон градот, сопственикот ја запрашал оштетена стомна:
„Погледни крај патот, што гледаш?“
„Прекрасно е, полно со цвеќиња!’ – одговорила стомната.
Тогаш човекот рекол: „Прекрасно е поради тебе. Дали си забележала дека цвеќињата покрај патот се само од твојата страна, а не и од страната на здравата стомна? Тоа е затоа што знаев за својот недостаток и купив семе и го посеав на твојата страна од патот, а ти, незнаејќи, секој ден ја полеваше почвата. Веќе две години го собирам тоа чудесно цвеќе кое на мене и на моето семејство ни носи толку многу радост. Кога ти не би била таква каква што си, тоа цвеќе не би нѐ радувало толку. Затоа не заборавај дека сите сме помалку скршени, но Бог знае како да направи чудо од нашите слабости.“