Оваа приказна можеби сте ја чуле многупати, можеби ниту еднаш, но секео вреди да се прочита и да се извлече поуката која таа ја носи.
Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.
Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот и така тргнале на пат.
Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:
„Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“
Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.
Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:
„Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.
Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.
Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“
Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.