Приказна која треба да ја прочитате внимателно, многу е поучна.
Еден сиромашен човек отишол кај Буда и го прашал:
„Зошто сум толку сиромашен?“
Буда му одговорил: Не си научил да даваш.
Сиромавиот рекол: Како можам да давам кога немам ништо?
Буда го погледнал и му рекол:
Има неколку работи:
Лице со кое можеш да дадеш насмевка,
Уста со која можеш да даваш мудрост и утеха на другите,
Срце кое можеш да го отвориш за другите,
Очи со кои можеш да го гледаш доброто во другите,
Тело кое можеш да го употребиш за да им помогнеш на другите.
Ти всушност воопшто не си сиромашен.
Сиромашниот дух е вистинска сиромаштија.