Сите сакаме да изгледаме најдобро (дури и кога не се чувствуваме така), а денес сме преплавени со различни опции кога е во прашање естетиката, но она што најмногу привлекува внимание е кожата.
Кожата е најголемиот орган на нашето тело и е еден од клучните показатели за состојбата на организмот.
Пред да размислите за скапи третмани и козметички корекции, Healthline предлага да се справите со најосновните чекори кога станува збор за вашата рутина за нега на лице.
1. Редовно чистење
Чистењето на лицето треба да се прави два пати на ден: наутро и навечер. Тоа е многу важно бидејќи ги отстранува бактериите и сета „нечистотија“ од површината на кожата, а со тоа ги спречува затнатите пори – кои се главната причина за мозолчиња. Им овозможува на кремите кои потоа ги нанесуваме да навлезат подлабоко во кожата.
Изберете производ според типот на кожа, во зависност од тоа дали имате суво или мрсно лице.
2. Честа хидратација
Хидратацијата на лицето го спречува оштетувањето на кожата и и дава природен сјај, а во исто време штити од надворешни фактори како сончева светлина или студ. Важно е и кога зборуваме за брчки, бидејќи на суво лице повеќе се истакнуваат „возрасните линии“.
За најдобри резултати, користете хидратантна крема наутро и навечер, пред да нанесете масло за лице или серум.
3. Нежен пилинг
Пилингот на лицето ги отстранува мртвите клетки од кожата, ги отпушува порите и помага во подобра апсорпција на производите што ги нанесуваме. Многу е важно да не правиме пилинг често и грубо за да не предизвикаме иритација и сувост на кожата. Затоа е најдобро да користите производи со природни состојки како млечна киселина.
Користењето четка за лице со меки влакна може да биде корисно за да се обезбеди нежна физичка ексфолијација.
4. Заштитен фактор
Заштитниот фактор ја штити кожата од сонцето, го спречува предвременото стареење и можноста за појава на рак, но и дава на кожата изедначен и сјаен изглед.
За да имате максимален ефект, неопходно е да користите spf 30 или повисоко. Доколку сте директно изложени на сонце, кремот нанесувајте го на секои два часа, а почесто ако се потите или пливате.
5. Проширете ја вашата грижа
Пожелно е да се инвестираат пари во квалитетен серум, масло за лице или маски за еднократна употреба. Имено, овие производи се одличен начин да ги спречите брчките, да добиете блескав, хидриран изглед, да ги отстраните темните кругови и да го изедначите тенот. Имајте на ум дека тие содржат природни состојки како роза или масло од арган.
А тие се и одлична основа пред шминкање бидејќи и даваат на кожата освежен изглед.