Докторката Давн Харпер тврди дека поголем дел од луѓето го користат дезодорансот на лош начин, односно дека никогаш истиот не треба да се аплицира во утринските часови, туку во вечерните.
Таа вели дека аплицирањето на дезодорансот во вечерните часови му дава време да се исуши под пазувите, што е клучно за неговата ефикасност.
-Со аплицирање навечер, пред да си легнете му давате можност целосно да се исуши. Оставете го во текот на ноќта и наутро измијте го остатокот со сапун и вода, вели Харпер за британски „Сан“.
Докторката вели дека е важно дезодорансот да се употребува на сува кожа, советува дека може да употребите дури и фен.
Според нејзиното мислење, најважно е да се уверите дека вашиот дезодоранс е атиперспирант.
-Многу спејови се дизајнирани да мирисаат убаво, но не и да го спречат потењето, заклучува доктор Харпер.