Голема грешка за време на пеколните жештини е да се пие ладна вода или сокови полни со мраз, бидејќи тогаш на течноста ѐ е потребно повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира.
Затоа, најидеално тогаш е да се пие вода изладена на собна температура. Водата секогаш е подобар избор од соковите. Исто така, добро е да се испие топол чај, но кога надвор е сув воздухот, а не влажен. Чајот го потикнува потењето, а со тоа и разладувањето на телото. Имајте на ум дека со потењето се губат течности, па тоа треба да се надомести.
Лекарите велат да се избегнува алкохол, бидејќи тој дополнително го суши организмот.
Сепак, каде и да одите секогаш со себе носете вода и пијте по неколку голтки што е можно почесто.