Внимавајте што јадете или пиете наутро.
Повеќето Македонци го започнуваат денот со шолја топло, црно кафе, обично на празен стомак. Затоа што ништо не може да ги разбуди и да им го „засили системот“ после спиење подобро од овој пијалок. Некои, пак, имаат навика да јадат овошје наутро, верувајќи дека тоа е здрав начин за почеток на денот, но дали е навистина така?
Колку е добро кафето или овошјето во првите утрински часови и дали има храна која не треба да се консумира на празен стомак, објасни рускиот гастроентеролог Наталија Круглова.
Како што вели, се зависи од состојбата на дигестивниот тракт на човекот.
Доколку има болести на гастроинтестиналниот тракт, посебно внимание треба да се посвети на храна која може да предизвика непријатност во стомакот кога се јаде на празен стомак. Оваа храна вклучува цитруси, како и цедени сокови од нив.
Овие намирници го стимулираат производството на хлороводородна киселина и може да предизвикаат киселини, болки во стомакот и подригнување.
Круглова исто така не препорачува пиење јако кафе и слатки газирани пијалоци на празен стомак. Свежо печеното месо е исто така лоша опција, а кај некои луѓе со чувствителен дигестивен тракт може да предизвика киселини, тежина во стомакот и надуеност.