среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Прекрасна: Новата козметичка линија на „Гучи“ ќе ја рекламира модел со Даунов синдром

Прекрасна: Новата козметичка линија на „Гучи“ ќе ја рекламира модел со Даунов синдром

Новата козметичка линија на модната марка „Гучи“, поточно новата маскара насловена L’ Obscur ќе ја рекламира моделот Ели Голдстајн, девојка која има Даунов синдром.

Ели е Британка и има 18 години. На иницијатива на креативниот директор на„Гучи“, Алесандро Микеле, оваа девојка ќе биде објавена и на страниците на италијанскиот Вог како модел  на фотографиите на младиот уметник Дејвид Пд Хајд.

„Ја дизајнирав маскара L’Obscur за автентича личност која користи шминка за да ја раскаже својата приказна за слободата, на свој начин“, рече Микеле.