четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Преслатки близнаци: Едното дете е бело, другото е црно (ФОТО)

Преслатки близнаци: Едното дете е бело, другото е црно (ФОТО)

Даниел и Дејвид се близнаци родени со една минута разлика- иако едното дете е бело, а другото црно.

-Првo се роди Даниел, а потоа акушерката извика дека второто бебе, односно Дејвид, има златна коса, се сеќава нивната 30- годишна мајка Стејси.

Нејзините синови кои се родени во февруари годинава, се веќе славни каде и да се појават и никој нема проблем да ги разликува.

Нивните родители, Стејси и 38- годишниот Бабаџиде се со темна боја на кожата, но Дејвид е роден како албино, а Даниел има темна кожа и кадрава темна коса, исто како и нивната постара сестра, Демиладе.

Инаку, албинизмот е недостиг на пигмент, кој им дава боја на кожата и косата. Ова е наследна состојба и ако двајцата родители го носат генот, постои шанса само едно дете да има албино кај близнаците. Нема информации колку близнаци се раѓаат во оваа варијанта, но вакви случаи веќе се пријавени во Нигерија, Холандија и во Мозамбик.